ПОЛИТИКА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ И РЕКЛАМАЦИИ
Последно ажурирање: 04.06.2026
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Оваа Политика за враќање на производи и рекламации ги уредува условите под кои купувачите можат да го остварат своето право на враќање на производ или поднесување рекламација за производ купен преку веб-страницата bubamarashop.mk.
Продавач е:
Елмар Трејд ДООЕЛ
Адреса: Њуделхиска 2/3-4, Скопје
Телефон: 070/841-712
Е-пошта: info.bubamarashop@gmail.com
ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОД
Враќање на нарачан производ може да се изврши во рок од 14 дена од приемот на пратката.
За да биде прифатено враќањето, производот треба да биде неупотребуван, неоштетен и вратен со оригиналната неоштетена амбалажа и придружните делови.
Бубамара Шоп го задржува правото да одбие враќање на производ доколку истиот покажува знаци на користење, оштетување или не е вратен во состојба во која е испорачан.
ТРОШОЦИ ЗА ВРАЌАЊЕ
Трошоците за враќање на производот ги сноси купувачот, освен во случаи кога:
е испорачан погрешен производ;
производот е оштетен при транспорт;
Во овие случаи трошоците за враќање ги сноси продавачот.
ВРАЌАЊЕ НА СРЕДСТВА
По прием и проверка на вратениот производ, средствата ќе бидат вратени во рок од 14 дена.
Враќањето на средствата ќе се изврши со истиот начин на плаќање кој бил користен при купувањето, освен ако не е договорено поинаку.
РЕКЛАМАЦИИ
Доколку производот има недостаток, оштетување или не одговара на нарачката, купувачот има право да поднесе рекламација.
Рекламацијата треба да содржи:
име и презиме;
број на нарачка;
опис на проблемот;
фотографии од производот (доколку е можно).
Рекламации за видливи оштетувања, некомплетен производ или оштетувања настанати при транспорт потребно е да се пријават во рок од 12 часа од приемот на пратката.
Доколку забележите фабрички оштетување, видливо оштетување настанато при пакување или транспорт, или производот не ги содржи сите составни делови, Ве молиме да нè известите на телефонскиот број 070/841-712 или на е-пошта info.bubamarashop@gmail.com.
За уредно поднесена рекламација се смета известување проследено со фотографии и/или видео од производот, како и фотографија од адресницата или друг доказ за прием на пратката.
Рекламациите за скриени или фабрички недостатоци може да се поднесат по нивното утврдување, согласно важечките законски прописи.
РЕШАВАЊЕ НА РЕКЛАМАЦИИ
Бубамара Шоп ќе ја разгледа рекламацијата и ќе го извести купувачот за исходот во најкраток можен рок.
Доколку рекламацијата е основана, купувачот може да избере:
замена на производот;
враќање на уплатените средства;
во зависност од природата на недостатокот и достапноста на производот.
ИСКЛУЧОЦИ
Не може да се прифати враќање на производи кои:
покажуваат знаци на користење или оштетување предизвикано од купувачот;
не се вратени со сите придружни делови;
поради хигиенски причини не се погодни за повторна продажба по нивно отворање или користење;
се изработени или нарачани по спецификација на купувачот.
КОНТАКТ
За сите прашања поврзани со враќање на производи и рекламации контактирајте нè:
Телефон: 070/841-712
Е-пошта: info.bubamarashop@gmail.com